Универзални Пораки

Опроштална хутба

----19 мај 2026 г.
Опроштална хутба

О луѓе!

Добро слушајте го мојот збор.

Не знам, можеби по оваа година нема вечно повторно да се сретнам со вас овде.

О луѓе!

Како што е денот на Арефе свет ден, како што е месецот Зулхиџе свет месец, како што е градот Мека благословен град; така и вашите животи, имоти и чест се свети и се заштитени од секаква агресија.

О мои другари!

Утре ќе се сретнете со вашиот Господ и ќе бидете прашани за секое ваше денешно дело и однесување. Немојте по мене да се вратите на старите заблуди и да се убивате меѓусебно. Оваа моја опорука нека ја пренесат присутните на отсутните. Може да се случи некој кому му е пренесено, подобро да ја разбере и зачува од оној што ја слушнал овде.

О мои другари!

Кој има доверено нешто, нека го врати на сопственикот.

Секоја форма на камата е укината, таа е под моите нозе.

Но, треба да го вратите само главниот долг. Не вршете неправда, ниту дозволувајте да бидете жртва на неправда.

Со Божја заповед, лихварството е забрането. Секоја форма на оваа грда навика од времето на незнаењето е под моите нозе. Првата камата што ја укинувам е каматата на Абдулмуталибовиот син Аббас.

О мои другари!

Крвната одмазда од времето на незнаењето е укината. Првата крвна одмазда што ја укинувам е крвната одмазда на внукот на Абдулмуталиб, Рабија.

О луѓе!

Денес шеиотан засекогаш ја изгуби моќта да има влијание и власт на вашата земја. Но, ако во работите што ги сметате за мали, освен овие што ги укинав, му се потчините, тоа ќе го задоволи. Чувајте се од нив за да ја зачувате вашата вера.

О луѓе!

Ви препорачувам да ги почитувате правата на жените и да се плашите од Аллах во ова прашање. Вие ги земавте жените како доверба од Аллах; нивната чест и доблест ги добивте со ветување во името на Аллах. Вие имате права над жените, а тие имаат права над вас. Вашето право над жените е да не дозволат некој што не го сакате да го наруши вашиот семеен дом. Правото на жените над вас е да им обезбедите секаква храна и облека според обичајот.

О верници!

Ви оставам два аманети; додека цврсто се држите до нив, никогаш нема да залутате. Овие аманети се Книгата на Аллах, Кур'анот и Сунетот на Пејгамберот.

О верници!

Добро слушајте го мојот збор и добро чувајте го! Муслиманот е брат на муслиманот и сите муслимани се браќа. Не е дозволено да се наруши некое право на вашиот верски брат. Освен ако тоа е дадено со добра волја.

О мои другари!

Не вршете неправда ни кон себе. Вашата душа има право над вас.

О луѓе!

Вашиот Господ е еден. Вашиот татко е еден. Сите сте деца на Адем, а Адем е од земја. Арапот нема предност над неарапот, ниту неарапот над арапот; црвениот нема предност над црниот, ниту црниот над црвениот. Превосходството е само во богобојазливоста. Најдрагоцен кај Аллах е оној што најмногу се бои од Него.

О луѓе!

Господ секому го дал неговото право. Секој е одговорен за своето дело. Таткото не е одговорен за гревот на синот, ниту синот за гревот на таткото.

Внимавајте! Овие четири работи никако не ги правете:

Не му припишувајте ништо на Аллах.

Не одземајте живот што Аллах го направил забранет и недопирлив без право.

Не вршете прељуба.

Не крадете.

О луѓе!

Утре ќе ме прашаат за вас. Што ќе кажете?

Асхабите одговорија:

"Сведочиме дека ја пренесе Божјата порака, ја исполни својата мисија, ни даде опорука и совет."

Пратеникот, подигајќи го прстот кон небото, трипати рече

"Биди сведок, о Господи!

Биди сведок, о Господи!

Биди сведок, о Господи!"

Хазрети Мухамед, саллаллаху алејхи ве селем

Ви се допадна оваа статија?

Споделете со пријателите